Полицајци и цариници се уапсени во денешната акција на МВР во „Диво Насеље“, запленет амфетамин

Facebook
Twitter
Email
Print

Полицајци и цариници се уапсени во денешната акција на МВР во „Диво Насеље“ во Куманово.

Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел апсење на група која шверцувала амфетамин.

Станува збор за амфетамин кој во Македонија влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје.

Покрај во Куманово, акцијата се одвива и на повеќе локации во Скопје.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи