31 нов случај и едно починато лице од ковид-19 во Прилеп


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од:

Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66г до 87г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи