Пендаровски: Нема политичар кој ќе го продаде својот народ, ако цената за ЕУ е идентитетот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ако цената на европските интеграции значи откажување од нашиот идентитет, не гледам политичар кај нас кој ќе сака да го продаде својот народ за такви европски интеграции, рече претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците.

„Немаме дилема околу тоа дека европските интеграции немаат издржана алтернатива за нас, но тие секако имаат своја цена. ЕУ е најдобата опција за нас, но патот кон Унијата е неправедно блокиран Ако таа цена значи откажување од нашиот идентитет, не гледам политичар кај нас кој ќе сака да го продаде својот народ за такви европски интеграции“, рече Пендаровски.

Тој нагласува дека од почетокот на бугарската блокада, до денес, се залага за внимателен и обмислен пристап во преговорите, без нагли пресврти, затоа што, според него,  се работи за прашање од апсолутно највисок национален интерес, а кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не ви е секогаш најдобриот сојузник.

„Во актуелниот контекст, кога ги знаеме нашите црвени линии и јавно ги браниме, не треба да бидеме преокупирани со тоа колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас. Наместо тоа, треба да бидеме опседнати со клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на нашите граѓани“,  вели Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи