Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека сегашните рестриктивни мерки се доволни и не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања за време на Новогодишните празници.
„Мерките засега се добри. Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на Новогодишните празници сметам дека се доволно со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Ќе се достигне кулминација за време на Новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за Новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, рече Филипче.
96