Утрово во Прилеп измерени – 8 °C, и утре изутрина ниска утринска температура


Времето денеска ќе биде наутро ведро и многу студено, преку денот сончево со слаб северен ветер.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од -9 °C до 1 °C.

Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 °C. На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4.

УХМР со актуелно предупредување:

Како и ова утро, и утре изутрина ведрото време ќе услови утринските температури да бидат ниски, на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи