ВИДЕО – Прв рурален женски е-пазар „Наша тезга“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Првиот рурален женски е-пазар ги отвора своите вирутелни тезги! На секоја од тезгите ќе може да најдете локално произведена здрава, сигурна и безбедна храна и тоа токму произведена од рацете на вредните жени од руралните средини !

Имено, дури 84% од жените во руралните средини имаа негативни ефекти во однос на нивните приходи во текот на Ковид пандемијата. Пазарите беа затворени, луѓето исплашени да купуваат на пазар или во контакт со други луѓе, а семејните земјоделски стопанства беа оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. И токму тука се увиде потребата од изнаоѓање на нов начин на промоција и продажба на локално произведената храна и се роди идејата за првиот рурален виртуелен женски е- пазар која  што идеја дојде токму од страна на жените во руралните средини низ теренските посети и разговорите со нив.

 Како се развиваше и растеше првиот рурален онлајн женски пазар на земјоделски производи?

Рурална Коалиција која што родовата еднаквост во руралните средини ја смета за стратешки приоритет ја презеде иницијативата за да го креира првиот женски рурален е-пазар како одговор на негативните ефекти на Ковид пандемијата со која што особено во нагорен тренд се движеа онлајн комуникацијата и дигитализацијата на секторот земјоделство и рурален развој. Па водени токму од идејата дека ако не може да се продава на пазарите тоа може да се направи по електронски пат, Рурална Коалиција цела година заедно со своите партнери и поддржувачи како и со самите жени од руралните средини работеше на изградбата на првиот рурален женски е-пазар “Наша тезга“, назив кој што асоцира на наше домашно производство на овошје, зеленчук, млеко, млечни производи, мед итн., и тоа токму од нашето поднебје, а произведено токму од жените.

Низ градењето на платформата се изградија и голем број на меѓусекторски партнерства односно партнерства со бизнис секторот, општините, институциите и тоа во насока на главната цел и кауза под која што се водеше изградбата на пазарот, а тоа е – „Никој да не биде изоставен“!

Во исто време со ваквата активност директно се придонесува кон унапредување на социјалната и економска положба на жените во руралните средини меѓутоа исто така се придонесува и кон остварувањето на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации и тоа особено кон целта 2 за нула глад, целта 5 за родова еднаквост и целта 8 која што се однесува на економскиот раст и достоинствена работа за сите! Ова само го покажува значењето на еден ваков пазар, а ја зголемува и вредноста како на работата на жените, така и на нивните производи.

Ваквиот интерактивен пазар со преполни тезги вкусна и локално произведена храна од рацете на нашите жени од руралните средини е единствен затоа што освен тоа што нуди земјоделски производи, ја дава и можноста да се запознаете со животните приказни на жените, но и со традициите на производство кои што сеуште опстојуваат во нашата земја и ја прават поразлична од другите нудејќи скриени приказни со векови кои говорат токму за нашето рурално потекло, за нашата традиција, за нашето производство на храна, храна прочуена надалеку и препознаена насекаде во светот.

Оваа година Меѓународниот ден на жените од руралните средини 15-ти октомври, Обединетите Нации го одбележаа со пораката – Жените од руралните средини произведуваат здрава и безбедна храна за СИТЕ нас!“ што само говори за клучната улога која што ја имаат тие во руралната заедница, а особени нивниот придонес кон создавањето на одржливи рурални заедници. Како лидерки во средините од каде што тие доаѓаат, а воедно и како членки на „Наша тезга“ низ видео приказна погледнете што жените од руралните средини имаат да кажат и зошто ваквиот е-пазар е значаен за нивна економска, но и социјална инклузија во општеството.

„Наша тезга“ има над 100 жени членки кои што го промовираат домашното производство на храна од сите 8 плански региони, а истата може да се посети на следниот линк: https://www.nasatezga.mk/  каде што воедно може и да се купат нивните производи со што пак директно придонесуваме за нивното економско јакнење, придонесуваме да излезат од сенката на невидливоста и неформалната економија, но и го поддржуваме домашното производство на храна.

Видео приказната е изработена со финансиска поддршка од Владата на Република Северна Македонија, а во рамките на проектот “Рурален женски е-пазар“.  Содржината на ова видео е единствена одговорност на Рурална Коалиција и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Владата на Република Северна Македонија.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи