Патничко моторно возило од марката „опел“ влетало во канал на влезот во Кочани, кај раскрсницата за Подлог. Возачот на возилото се здобил со повреди на главата.
При падот автомобилот удрил и во еден од поставените сообраќајни знаци. Покрај изведувањето на градежните работи не е поставена заштитна ограда, ниту пак местото е соодветно осветлено, па опасноста од сообраќајни несреќи е постојано присутна.
Ископаниот отвор е со ширина од 3 метри и се наоѓа токму на средина од коловозот, поради што потребна е поголема внимателност и намалена брзина на возилата за да се заобиколи по помошниот пат во близина, истакна очевидец на сообраќајната несреќа.
Службени лица од Полициската станица – Кочани направиле увид на местото на настанот.
100