Просечната плата во Македонија во октомври изнесува 29.145 денари

Facebook
Twitter
Email
Print


Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29 145 денари.

„Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

 Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %),

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.1 %) и

 Други услужни дејности (2.0 %)“, соопшти ДЗС.

Највисоки остануваат платите на компјутерските програмери со просек 73.540 денари,  вработените во стручните и научни дејности со 49.352 денари, фармацевтите со 47.933 денари, вработени во воздухопловниот транспорт со 45.656 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи