Најстудено утрово е во Берово со -13 степени. Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка се измерени -11, во Скопје, Битола и Дебар -10, во Штип, Демир Капија и Крушево -9, Куманово, Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -6, Гевгелија -5 и во Дојран -2.
Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.
107