ДУИ го добива Министерството за образование, додека ресорот земјоделство оди кај СДСМ, потврдил за „Слободен печат“ висок функционер од Владата.
Актуелниот министер за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири ќе биде иден министер за образование и наука.
Од владата за „ТВ21“ рекле дека конечните одлуки ќе ги соопшти партијата најверојатно во текот на следната недела.
Министерството за земјоделство, пак, се враќа кај СДСМ, и не се исклучува актуелниот заменик Трајан Димковски да биде нов министер.
139