Во Прилеп се затвори модуларната болница и 22 пациенти се префрлени на инфективното одделение.
Според Кети Смилеска, директор на Општа болница со проширена надлежност, ова е за заштеда на трошоците за електрична енергија.
„Инфективното одделение со капацитет од 36 легла е празно. Бидејќи е поврзано со централното греење, а во модуларната загревањето е со клима уреди, решивме поради заштеда, а и подобро да им се обрне внимание на хоспитализираните пациенти, да ги префрлиме на инфективното. Од 22 хоспитализирани, 21 пациент е на кислородна поддршка. Не очекуваме голема експанзија за хоспитализација, особено што со месеци бројката на хоспитализирани е околу 20 пациенти. Во хоспитализираните има и вакцинирани и невакцинирани, само што вакцинираните се со полесна клиничка слика. Затоа останува апелот за вакцинација“, вели Смилеска.
Сите одделенија во болницата функционираат вообичаено со програма на оперативни зафати.
Ковид-ситуацијата во градот се смета за стабилна.