Витаминка со пакетчиња за штитениците на Националниот сојуз на глуви и наглуви

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Витаминка подели новогодишни пакетчиња за децата од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија. Пакетчињата преку локалните канцеларии на Сојузот се распределени и доставени до децата со оштетен слух и говор низ целата територија на Македонија.

„Со нашата свесност и општествена активност се обидуваме да ги следиме и соодветно да одговориме на секојдневните потреби на овие деца, како и на многу други кои се засегнати од социјален и економски аспект. Но со цел да им се долови празничната атмосфера, овој пат им подаруваме новогодишни пакетчиња, она на што секое дете најмногу се радува и се обидовме да опфатиме што е можно повеќе деца од целата држава и од различни категории. Витаминка и понатаму ќе помага на оние што имаат потреба и ќе го дава својот придонес за создавање еднакви можности за образовна,општествена, културна и социјална инклузија“, велат од Витаминка.

Со новогодишните пакетчиња за децата со оштетен слух и говор, Витаминка ја поддржа и иницијативата на заедницата #ТвитерДедоМраз.

Дополнително компанијата претпразнично додели пакетчиња и за децата од Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК, донација за децата од СОС Детско село што беше организирана заедно со Капитол мол, за Граѓанската иницијатива „Мети си со класнето“, за Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив Битола и уште поединечни донации за училишта и за деца од социјално загрозени семејства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи