Новогодишни пакетчина за првооделеницте од основните училишта „Рампо Левката“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во пресрет на претстојните празници градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска ги посети основните училишта: „Рампо Левката“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“. Градоначалникот Јовчески на учениците и вработените во трите основни училишта им ги честиташе претстојните празници, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.

„Како градоначалник  на учениците, на просветните работници и останатите вработени во основните училишта им ги честитам празниците кои претстојат, посакувајќи им многу здравје и среќа во годината што следи. На вработените им посакувам уште поголеми успеси и напредок во работатата затоа што со вашата посветеност придонесувате во правилно градење и развивање на нашите најмили“, истакна градоначалникот Јовчески.

Во текот на деновите кои следат планирано е градоначалникот Јовчески да ги посети останатите основни училишта во градот и населените места. Заради здравствена заштита и согласно протоколите, на дечињата кои шти ги посетуваат градинките на „Наша Иднина“  ќе им бидат поделени пакетчината од страна на нивните воспитувачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи