Пендаровски со честитка до католиците кои го прославуваат Божиќ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото Раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Дозволете да упатам искрени честитки на сите верници кои го празнуваат големиот христијански празник, Христовото Раѓање – Божиќ по Грегоријанскиот календар.

Божиќ, како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството, нè потсетува на основните човечки вредности, да живееме во мир и во хармонија, да бидеме чесни и достојни, солидарни и правдољубиви. Овој голем христијански празник во нашите срца вселува радост, љубов и надеж.

Во овие тешки времиња на предизвици и пандемија, добро е да се потсетиме дека светлината на Христовото Раѓање нè обединува во вербата и во добродетелството, бидејќи со надеж и со љубов се победуваат и најтешките искушенија.

Како одговорни граѓани, во празничните денови што следат, да бидеме и понатаму внимателни, чувајќи го и заштитувајќи го сопственото здравје, а со тоа и здравјето на нашите најблиски.

Ви посакувам Божиќ да го поминете во добро здравје, меѓу своите најблиски“, пишува Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи