Погледнете го Пелистер од авион со прекрасна снежна покривка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пелистер — највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2.601 м надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија.

Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола.

Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 17.150 хектари и географската положба на паркот е 40°57’ СГШ и 21°14’ ИГД. Го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.

Порталот Бабам Битола објави видео од авионска снимка на прекрасниот масив на Пелистер во зима, покриен со снежна покривка. Уживајте!

Потекло на името

Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древномакедонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“. Кованицата бели+стени= белистени=пелистер е една од можните варијанти за потеклото на името Пелистер. Исто така, има мислење дека името „Пелистер“ е кованица од бел+истер = бел-истер = пелистер. Како аналогија се зема името на полуостровот Истра и ред други топоними, ороними и сл. од претсловенско време, од т.н. старовенетски период. Значењето на „истер“ и ден-денес во македонскиот јазик како и милениуми претходно се употребува, означувајќи нешто што е истерано, извишено, било во висина, било во море и сл. Колку за потсетување, старото име на реката Дунав е исто така Истер!

Истото име го носи и планината Пелистер (грчки: Λάκμος, Лакмос или Περιστέρι, Перистери) на пограничното подрачје меѓу Епир и Тесалија како продолжеток на венецот Пинд.

Географија

Шума на планината Баба

Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 17.150 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија. Повторно е прогласен и неговата територија е зголемена за околу 6.500 ха со закон во декември 2007 година. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 м). Од земјишните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.

Хидрографија

Од хидрографските објекти, со посебна природна привлечност се двете леднички езера, Пелистерски Очи — Големото и Малото Езеро на Пелистер, исто познати како „Горски Очи“.

Флора и Фауна

Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во растителноста на НП Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски, а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата — автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинскиот распон на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри.

НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се месни ендемити. Од ’рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влекачи, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемска поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи