Претпразнична еуфорија со инстант лозот ЕКО СКУТЕР

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Многу причини да купите за себе, или за подарок, пакет инстант лозови ЕКО СКУТЕР

  • ЗАРАДИ ЗАБАВА И ХУМАНОСТ
  • ОД ЖЕЛБА ДА СЕ ОСВОИ ЕКО СКУТЕР
  • ОД ЖЕЛБА ДА СЕ ОСВОИ БОНУС ДО 150 000 денари
  • ЗАРАДИ СОН ДА СЕ ВОЗИ BMW X1

Инстант лозот ЕКО СКУТЕР е најзабавен, најхуман и најеко, а тоа е играта што носи и најмногу изненадувања.

Со инстант лозот ЕКО СКУТЕР, забавата најдолго трае, затоа што секој недобитен лоз, доколку го регистрирате преку веб-страната www.loto.mk, може да е ваша влезница во БОНУС ИГРА и ве донесе до лото студиото во Канал 5 Телевизија, каде што може да завртите тркало на среќата и да добиете паричен бонус до 150 000 денари. Сите други регистрирани лозови, а неизвлечени за учество во студио, остануваат во игра за извлекување на два неверојатни BMW X1.

Важно е и да потсетиме дека за време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови ЕКО СКУТЕР. Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари (5+1), при што добивате и повеќе шанси да освоите, или подарите, една од 365-те премии – електричен тротинет.

Не треба да се заборави дека инстант лозот ЕКО СКУТЕР е и најхуман, бидејќи од неговата продажба, покрај редовните 6 % коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општестеноодговорни цели, дополнителни 10 % Државна лотарија, во соработка со Црвен крст, посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со КОВИД-19.

БОНУС ИГРАТА – ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО започна на 6 ноември и веќе имаме нови среќни лица со коишто се дружевме во студиото и коишто со едно вртење тркало на среќата добија до 150 000 денари.  Дозволете да ве запознаеме со првите пет среќни бонус играчи коишто своите недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР ги регистрираа преку нашата веб-страна www.loto.mk и влегоа во БОНУС ИГРА.

Анета Спасојева од Радовиш ‒ првата учесничка во бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина со освоен бонус од 150.000 денари. Со Анета се дружевме во ТВ студиото на Лото 7 каде што, пред камерите, ни раскажа дека редовно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија, а особено се израдувала на новата Бонус игра „Заврти екоскутер тркало“ затоа што со недобитните инстант лозови, играчите добиваат втора шанса за добивка.

Ценко Ивановски од Битола е вториот извлечен гостин од оваа бонус игра и освои 150.000 денари. Ценко регистрирал повеќе недобитни инстант лозови на  www.loto.mk, од коишто со еден беше извлечен, по електронски пат, да биде специјален гостин во емисијата Лото 7. Остатокот од другите негови регистрирани недобитни инстант лозови влегуваат во игра за првиот автомобил BMW X1.

Трајче Мушев од Кавадарци ‒ третиот извлечен учесник во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО, освои 100.000 денари. Трајче исто така регистрирал повеќе недобитни ЕКО СКУТЕР лозови, на веб страната www.loto.mk, но не очекувал дека токму тој ќе биде специјален гостин во 93 коло на Лото 7 и ќе добие можност за бонус добивка. Со нас сподели дека лесно и брзо ги регистрирал недобитните инстант лозови со внесување на само два баркода во полињата, а воедно и испрати порака до гледачите на Лото 7 да си ја пробаат среќата.

Александар Гроздановски од скопската населба Кисела Вода, си замина дома со освоен бонус од 100.000 денари. Задоволен од остварениот бонус, ни раскажа дека често се забавува со инстант лотаријата на Државна лотарија и ја поздравува оваа бонус играта затоа што играчите добиваат втора шанса за добивка, а добивката во овој случај може да биде и прекрасен BMW X1.

Тина Белобрадиќ од Скопје учествуваше во тв емисијата на 97. коло Лото 7 и со вртење тркало на среќата освои бонус вреден 50.000 денари.  Во краток разговор со нас сподели дека омилени инстант лозови и се ЕКО СКУТЕР и Макси златна рипка. Тина, само што слушнала за новата бонус игра регистрирала вкупно 18 недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР. Еден од 18-те регистрирани недобитни лозови ја доведе Тина во ТВ студиото на Лото 7, останатите нејзини 17 лозови учествуваат во првото извлекување за BMW X1, закажано за 8 јануари 2022 година.

Среќните приказни во Државна лотарија се секојдневие. Со нив се потврдува дека игрите на среќа на Државна лотарија може да го променат или барем да го разубават животот, да внесат радост, забава, среќа и финансиска благодат. Затоа сме постојано инспирирани за нови предизвици и изненадувања.

Посебно сме среќни што нашата веб-страна ‒ www.loto.mk е сè почеста адреса за забава, уплата на лото и џокер броеви, а од месец октомври е и адреса на две бонус игри. Влезницата за учество во едната игра е токму недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР ‒ најзабавниот, најхуманиот инстант лоз којшто носи и најмногу изненадувања.

Можноста за учество во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО  трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, во лото емисијата, се извлекува (по електронски пат) по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои паричен бонус  (50 000, 100 000, или 150 000 ден.). Сите недобитни регистрирани инстант лозови ЕКО СКУТЕР влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања, по електронски пат ‒ на 8 јануари и на 19 март 2022 година.

Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.

Повеќе податоци на www.loto.mk

*Комерцијална објава

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи