Утрово, најниската температура била измерена во Берово од -9 степени, -8 степени биле измерени во Струмица, Тетово и во Демир Капија, -7 во Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и во Штип, -6 во Битола, Куманово и во Прилеп, -5 степени во Виница, -3 во Дојран, -2 Охрид и Претор, 0 степени во Крушево, Дебар и на Попова Шапка, 1 степен во Маврови Анови.
Снежната покривка во седум часот изнесувала 43 сантиметри на Попова Шапка, 36 во Маврови Анови, 11 во Пожаране и 7 сантиметри во Крушево.
Во текот на ноќта и изутринава, според УХМР, било студено во централните и источните делови од земјата. Утринава има сѐ поголема облачност на западот и особено на југозападот има побрз пораст на температурата во Охрид и Претор – +5°С во 7 часот. На повисоките места, особено на западот, дува и умерен западен ветер.
107