25 новозаразени и едно починато лице од ковид-19 во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по  8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип – по 9, Валандово и Велес – по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3, Кичево – 2, Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи