ВИДЕО – „Наша тезга“ – првиот онлајн пазар кај нас, наменет за жените земјоделки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дигитализацијата и онлајн продажбите се иднината на македонското земјоделство на што многу поголемо внимание треба да посветат како самите земјоделци така и државата. Токму затоа Рурална Коалиција пред 1 месец ја создаде интернет платформата „Наша тезга“ или првиот земјоделски онлајн пазар кај нас, кој пред се служи за помош на жените земјоделки своите производи во оваа пандемија многу полесно да ги пласираат до купувачите. Платформата е отворена за сите земјоделки, а зачленувањето е само преку обична регистрација на страницата.

Се пополнуваат само основни податоци, од аспект на самата жена, производството кое што го има и краток приказ за приказната и начинот на производство. Отворена е за сите платформата, од сите плански региони, тоа е и целта, да се овозможи на ваков начин на најразличните вкусови и производи кои ги имаат жените да може да се најдат на едно место и така да завршат на трпезите кај граѓаните“, истакна Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.

Жените земјоделки кои се дел од овој е-пазар преку оваа платформа ги продаваат своите производи низ цела Македонија и велат дека засега биле доста задоволни.

„Очекуваме со порталот „Наша тезга“ да ја подобриме нашата финансиска состојба, да се скрати времето кое го трошиме тука продавајќи ги производите на пазарите и тезгите и истото тоа време да можеме да го посветиме за да добиеме поквалитетни производи“, додаде Светле Пупунческа, жена земјоделка.

Жените земјоделките кај нас скоро и да не продаваат ништо преку интернет, се оди исклучиво на пазар, но велат дека се заинтересирани ако тоа им се објасни како функционира.

„Значи не сме сигурни дека тоа што денеска го донесов на пазарот дека ќе го продадам, можеби така ќе биде многу подобро, ќе биде посугурно дека тоа што ќе го понудиш и ќе го продадеш. Барем јас така мислам сега, треба да се види“, рече Јулија Салилоска, жена земјоделка.

 

„Да тоа е убаво, но бара дополнително време за производителот, а времето за нас е пари, нема време да ги бркаме и тие работи, така што тоа можеби останува на трговците“, рече Силвана Мирческа, жена земјоделка.

Моментално дел од првиот женски е-пазар кај нас се околу 100 жени од 8-те плански региони во државава, но заинтересираноста за истиот секојдневно се зголемува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи