Регулаторната Комисија за Енергетика денеска одлучи дека цените на бензините ќе се зголемат, а цената на дизелот ќе се намали за половина денар.
Малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.14%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 0.5 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 73.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 75.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за половина денар, па еден литар дизел ќе чини 64 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
110