ВИДЕО – Со несмалено темпо се чистат дивите депонии околу Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По пауза од 2 години Прилеп започна повторно со чистење на дивите депонии во околината на градот. На некои места несовесните граѓани имаат депонирано толку смет, што депониите наликуваа на мали ридови. Околината на Прилеп е толку загадена што практично и да нема место на периферијата на градот кое не е претворено во дива депонија, а често истите се наоѓаат и покрај самите регионални и магистрални патишта.

Одлучивме да ги отстраниме прво оние диви депонии кон оние места каде што најчесто одат жителите на Општина Прилеп, се почна со делот кон вештачкото езеро, се продолжи кон старата млекара. Имавме голема акција за чистење на диви депонии на потегот од клучката за влезот во градот од Битола до бензинската станиица на Лук Оил. Во сите овие акции беа подигнати некаде околу 600 м3 градежен шут. Денеска сме на локација во близина на селото Мажучиште, каде има дива депонија. Подигнавме неколку камиони, околу 80 тони метри кубни градежен шут“, истакна Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Oваа голема акција за чистење ја организира ЈКП „Комуналец“, во соработка со ЈКП „Водовод и канализација“ и со огромна помош од градежните фирми во градот и нивната градежна опреатива. Во наредниот период се планира чистење на депониите во областа Маркова чешма, населбата Тризла и кон манастирот Св. Архангел Михаил во населбата Варош.

До граѓаните еден апел да не ја загадуваат средината, да ги побараат услугите на ЈКП „Комуналец“, со изнајмување на контејнери или трактори и нормално доколку имаат нивни сопствени возила слободно нека го одлагаат отпадот на депонијата „Алинци“ каде нема да им биде наплатено ниту денар“, додаде Абрашоски.

Она пак со што може да се пофали Прилеп е примарната селекцијата на отпад. Годишно ЈКП „Комуналец“ продава над 1.100 тони селектиран отпад, хартија, пластика и други материјали. Според најновите податоци и во 2021 година Прилеп селектира отпад колку и сите градови во Македонија заедно вклучително и градот Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи