Вработен од битолскиот затвор на возраст од 47 години почина од ковид-19 во Клиничката болница во Битола. Ова го изјави директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска.
„Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десетина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември“, изјави д-р Гагачовска.
Од битолскиот затвор потврдуваат дека се тестирани 20 осуденици од кои 16 покажале дека се позитивни на вирусот, наведува Независен.
По констатирањето на позитивни случаи во затворот се преземаат дополнителни превентивни мерки покрај веќе постоечките.
138