Комисијата за заразни болести денеска заседава за состојбата со ковид-19 во Македонија.
Во петокот беше регистриран првиот случај на омикрон кај нас. Станува збор за маж кој допатувал од Велика Британија и кој асимптоматски ја прележал болеста во јануари. Човекот е вакциниран со две дози на „Фајзер-Бионтек“.
„Нема да има карантин за другите патници во авионот бидејќи се почитувале протоколите. Тоа се лица кои што носат маски, кои што според барања на одредени авионски компании, дури се и Н95 маски. Овој патник, пациент, засега е со многу лесна клиничка слика, се наоѓа во домашни услови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Засега, нови рестриктивни мерки не се најавени.
106