Мрежата на ЛАГови со донации на новогодишни пакетчиња

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во пресрет на новогодишните празници Мрежата на Локални Акциони Групи се вклучи вохуманитарна акција за донација на новогодишни пакетчиња и пакети со храна, со цел разубавување на празниците на социјално загрозени семејства во руралните средини.

Со мотив да хуманоста и споделувањето станат неизоставен дел од празничната традиција зошто секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови, со поддршка на компаниите Пекара ВЕЛ Велес, млекара Бучен Козјак и Малина, Велес во соработка со ЛАГ Агро Лидер и ЛАГ Вардар Леадер беа поделени новогодишни пакетчиња во населените места на општина Велес, Долнени, Градско и Чашка.

Оваа иницијатива ќе продолжи и во иднина во рамките на нашите можности со цел да однесеме малку радост во домовите на оние кои се соочуваат со бројни предизвици да обезбедат достоен живот, и да бидеме причина за искрени насмевки и среќни лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи