Не можеме сите да правиме големи хумани дела, но можеме мали, со многу љубов

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По повод Новогодишните и Божиќните празници РС БОБИ 99 дооел Прилеп – фирма за управување со станбен и деловен простор од Прилеп, спроведе хуманитарни активности до 3 институции во нашата држава.

„Со желба и ние да бидеме нечиј Дедо Мраз, сакавме да ја искористиме позитивната новогодишна атмосфера и со таа мисла да бидеме хумани и подобри. Парични средства се потребни, но многу поголема е вредноста на пруженото внимание, љубов, почит, топла насмевка и сознание дека некој мисли на тебе и сочувствува со твојот проблем. Со таа мисла РС БОБИ 99 дооел се одлучи на овој чекор кој се надеваме дека ќе стане наша традиција, а поттик за други. Оваа година нашиот фокус беше на дел од многуте деца кои и покрај тоа што беа добри цела година, за жал Дедо Мраз не им донесе подарок, па сакавме ние да пробаме да изнудиме насмевка“, велат од РС БОБИ 99 дооел.

Донациите во средства, помагала, опрема соодветна за секоја институција беа доставени до Домот за доенчиња и мали деца од Битола, Дневен центар за лица со церебрална парализа од Прилеп, основно училиште – паралелка за деца со посебни потреби „Страши Пинџур“ од Кавадарци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи