Од 1 јануари, вработените кои ќе работат трговија во недела, ќе имаат 100 % поголема дневница

Facebook
Twitter
Email
Print


Од 1 јануари 2022 година сите вработени кои се ангажирани во трговијата ќе имаат 100 проценти поголема дневница.

Како што објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, според измените на Законот за трговија кои беа донесени во Собранието, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, вработените во трговските центри, односно моловите, во продавниците во склоп на бензински станици, трговци на мало со еден вработен,  кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%.

Овие трговци ќе треба да платат и дополнителни, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници, а средствата  ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи