Во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Тече рокот од 10 дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада.
„Ми треба уште еден допис, кому да дадам мандат. Не можам да нагаѓам, морам да добијам допис од партија или партии кои треба да кажат ние имаме мнозинство и тој и тој е мандатар. Јас не можам да го дадам мандатот на СДСМ, морам да знам кому го давам како личност, конкретно на некој човек“, рече Пендаровски во интервју за Канал 5.
За мандатар се очекува да биде предложен новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
113