Нуркачите на Клубот за подводни активности Охрид, на редок и уникатен начин, упатија новогодишна честитка до децата со ретки болести. Тие под водата поставија новогодишна елка, која им ја посветуваат на овие дечиња.
„Во новата 2022 да влеземе со надеж за подобри денови за оваа категорија на дечиња. Попристапност и подостапност на терапијата која значи живот за нив, но и одобровање на нови терапии“, велат од клубот.
105