Не може поради омикрон или кој и да е нов сој на коронавирусот да се воведуваат дополнителни рестрикции ако ситуацијата не се влошува, порача министерот за здравство во заминување, Венко Филипче.
„Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки. Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни, изјави Филипче.
Министерот кој нема да биде дел од новата Влада, вели дека олеснување за следниот министер за здравство е тоа што нема голем број пациенти во ковид-центрите.
106