ВИДЕО – Ќе се бара измена на Законот за тутун, да се стопира увозот се додека не се откупи домашниот тутун

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Градоначалниците од Пелагонискиот регион од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците од овој крај планираат да поднесат предлог за измена на Законот за тутун, да се стопира увозот на оваа култура, се додека не се откупи домашното производство до последниот лист. Со тоа се надеваат дека ќе се подобри просечната откупна цена која во моментов се движи околу 180 денари, а со која тутунарите воопшто не се задоволни.

„Во текот на вчерашниот ден со допис реагирав до подрачната единица на Земјоделскиот инспекторат, да излегуваат почесто на терен и да го контролираат откупот на тутунот. Тутунот како земјоделска гранка е од витално значење за овој регион и тоа како придонесува за локалната економија“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Тутунарите не веруваат на информациите дека моменталната просечна откупна цена е 188 денари, туку дека таа се движела околу 160 денари за килограм.

„Првата класа воопшто не се дава на откупните пунктови и затоа просечната цена е ниска. Го информиравме градоначалникот на Прилеп и за Законот за тутун за кој сметаме дека треба да се промени во делот за увоз на тутун кој прави проблеми на домашното производство и секогаш дозволува нашето производство да биде потценето. Побаравме и во тие измени на Законот за тутун Сојузот да добие поголеми права и ингеренции“, истакна Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Досега според инфромациите на Министертсвото за земјоделство откупени биле околу 7,5 милиони килограми тутун.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи