Завршување на отпочнатите и многу нови проекти – предлог буџет 2022 за општина Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Буџетот на општина Крушево за 2022-ра е развоен и означува реализација на тековните проекти, отпочнување на нови и создавање основа за идни имплементации по теркот на развојните програми.

Пред вас е уште еден развоен буџет, буџет исполнет со проекти и вложување во иднината, а секако и справување со предизвиците кои ги носи модерното време, особено изминатите неколку години. Верувам сте информирани дека во 2022-ра година не’ очекуваат голем број на проекти од повеќе области. Во овој буџет по програмите, за кои подетално ќе образложат од оделението за финансии, ќе ги најдете сите дотации, донации, обезбедени и одделени средства од наша страна кои се однесуваат на тековни проекти, кои ќе се завршат догодина, и од обезбедени донации чија реализација ќе започне во 2022-ра“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во своето образложување на предлог буџетот.

Во буџетот за 2022-ра година се предвидуваат средства доисплаќање на тековни проекти, се зголемуваат средствата за изработка на технички документации, а во делот на донации влегуваат финансиите преку проектот за активен туризам во рамки на прекуграничната соработка со Албанија.

Во буџетот за наредна година одделуваме и повеќе средства за јавна чистота за да одговориме на предзвиците од оваа област. Инвестициите во јавната чистота и генерално во областите на работа на комуналното претпријатие ги провлекуваме секоја година. Набавивме метларка, контејнери, косилка, трактор со плуг за снег, камион за отпад, а со одлука на Владата во 2022-ра ќе добиеме уште еден камион за отпад и теренско возило“, потенцира градоначалникот Христоски.

Градоначалникот на општина Крушево ги повика советниците да го поддржат овој предлог буџет заради рекордните инвестиции во образованието што ќе следуваат, како што се реновирање на училиште во Борино, тековната постапка за реконструкција и доградба во Бучин и Пресил и подготовката на техничка документација за училиштата во Алданци и Врбоец, фокусирање на локалните улици и патишта, како патот до манастирот Св. Спас и Врбоец, Св. Митрани до Кривогаштани и секако инвестициите во туризмот.

Сметам дека е голема одговорност да донесеме еден ваков буџет. Не очекуваат големи предизвици веќе од 1-ви јануари и затоа е важно да донесеме позитивна одлука за овој буџет и веднаш да продолжиме со работа за граѓаните и за она што го очекуваат од нас.“, заклучи Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи