МОН: Набавени се 25 професионални машини и апарати за мензите во три студентски домови во Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Набавени се нови 25 професионални машини и апарати за мензите во три студентски домови, информира Министерството за образование и наука.

„Со оваа набавка во вредност од 2,5 милиони денари, после 35 години, студентските домови „Гоце Делчев“, „Стив Наумов” и “Кузман Јосифовски Питу” ги осовременуваат условите, го подигаат квалитетот и ја подобруваат услугата за студентите“, се вели во соопштението од МОН.

Од Министерството додаваат дека е започната реконструкција на девет студентски домови со KfW Development Bank за што се обезбедени 25 милиони евра со кои домовите ќе се модернизираат и ќе станат енергетски ефикасни.

„Ги променивме политиките за стипендирање, воведовме целосно нови категории на стипендии, но и ги зголемивме месечните износи на стипендии кои се исплаќаат на студентите и учениците. Студентските стипендии кои се доделуваа во неколку категории со различни износи од 3.300 денари, од 4.400 денари и така натаму, сега се сите изедначени на 6.050 денари, со исклучок на оние за студенти запишани на математика, физика, хемија кои остануваат по 18.000 денари месечно. За првпат воведовме и стипендии за трет циклус на студии, тоа се 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а ги вративме по цела една деценија и стипендиите за постдипломски студии во државата, вкупно 50 стипендии од по 9.000 денари за 9 месеци во годината. И двата типа на стипендии се за студенти кои ќе се запишат на конкретни струки наведени во конкурсите, кои се исклучително дефицитарни“, велат од МОН.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи