СДСМ доби ново партиско раководство, Ковачевски најавува нова Влада до 18 јануари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


СДСМ доби ново партиско раководство. Димитар Ковачевски кој синоќа ја доби поддршката на сопартијците за да ја состави новата влада. Ковачевски вети дека новата влада ќе биде избрана до средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.

Ковачевски најави дека партијата ќе се реформира и реорганизира, но ќе се формира и советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата. Со него ќе раководи Игор Ивановски.

„Имаме нов тим, сила и енергија за да одговориме на сите предизвици. Очекувањата се големи и одговорноста е голема. Но, со посветена и одговорна работа, со чесно и отчетно работење верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата и дека ќе успееме да изградиме силна, економски стабилна и сигурна земја“, вели Ковачевски.

Од поранешниот состав, на потпретседателска функција во СДСМ останува вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Новите потпретседатели на СДСМ се Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Општина Карпош, Перо Костадиновски, градоначалник на Валандово и пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска. Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, исто така го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгрес.

Во Извршниот одбор на СДСМ членуваат Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи