Седниците на Советот на Општина Прилеп ќе се пренесуваат во живо

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По усвојување на Одлуката од страна на Советот на Општина Прилеп шестата  седница на Советот која ќе се одржи утре, 29.12.2021 година со почеток од 09.00 часот  е прва што ќе се пренесува во живо за јавноста. Преносот во живо ќе биде овозможен за првпат.

„Преносот во живо на седницата на Советот на Општина Прилеп, граѓаните ќе може да го следат на линк кој пред почетокот на седницата ќе биде објавен на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk. Овој новитет во иднината ќе стане редовна практика и седниците на Советот на Општина Прилеп граѓаните ќе може да ги следат со пренос во живо по претходна најава на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk, со цел поголема транспарентност во работењето на Општината“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи