Утре Новогодишна критична маса во Прилеп: Дедо Мраз, ниту ти не можеш на точак кај нас


Велосипедската граѓанска иницијатива „ПрилепНаТочак“ утре (29 декември) од 17:30 часот „Кај ѕидот“ организира новогодишна Критична маса.

„Дедо Мраз оваа година не доаѓа во Прилеп затоа што да вози велосипед низ прилепските улици не доаѓа во предвид.

Ни испрати писмо во кое што вели дека тој лично заедно со сите златни рипки на светов се обиделе да исполнат барем една желба на велосипедистите во Прилеп, но залудно.

Дедо Мраз се прашува како е можно во еден од седумте најголеми градови во Македонија да не биде обележана ниту една велосипедска патека?

Не може да се помири со фактот дека на велосипедска инфраструктура воопшто не се работело како во 2020, така и во 2021 година?

Дедо Мраз се обидува да сфати како во Европа се градат автопати наменети за велосипеди, а во Прилеп научна фантастика е да се изградат слеани тротоари дури и во 2021 година?

Дедо Мраз не верува дека се оставаат автомобили, комбиња, камиони, трактори авиони на тротоар, додека пешаците и малите деца се движат ризикувајќи живот на улица, дури и во 2021 година?

За Дедо Мраз несфатливо е дека не се потрошени 5 денари за боја за да се обележат постоечките 5 метри велосипедски патеки во Прилеп дури и во 2021 година?

Дедо Мраз не може да се помири со фактот дека се поставени метални ступчиња на дел од тротоарите со цел подобро да се заштитат паркираните автомобили на самите тротоари, а не е поставен барем еден велосипедски паркинг во Прилеп дури ни во 2021 година?

Жалосно е што дури ни во 2022 година, дедо мраз нема да може достоинствено да извози ниту 1 километар со точак во Прилеп, како секој еден обичен човек во некоја обична нормална градска средина“, велат од „ПрилепНаТочак“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи