37 новозаразени и едно починато лице од ковид-19 во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 409 нови случаи на Ковид-19 од 4.751 направени тестирања.

Новите случаи се регистрирани во:

Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години. Починато во болнички услови. Министерството соопшти и дека од 10-те починати, 3 лица се целосно вакцинирани.

Изминатово деноноќие пријавени сe и 289 оздравени пациенти, и тоа:

Скопје – 161, Прилеп – 21, Охрид – 17, Кавадарци – 10, Куманово, Битола и Велес – по 9, Ресен – 8, Кичево – 7, Тетово и Гевгелија – по 6, Струмица – 4, Свети Николе, Радовиш и Богданци – по 3, Штип, Делчево Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Дебар и Македонски Брод – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи