БЕГ бара поскапување на парното од 300 отсто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ценовен шок ги очекува граѓаните на Скопје, доколку се прифати барањето на двете компании снабдувачи со топлинска енергија „Балкан енерџи груп“ и „Скопје Север“, кои бараат зголемување на цената на парното од 300 отсто и тоа почнувајќи од 1 јануари.

Од Регулаторна комисија за енергетика поврдуваат дека веќе го добиле барањето.

Компаниите ова го бараат бидејќи нивните трошоци за снабдување со природен гас се зголемени за 300 отсто, што повлекува и повисока цена на парното.

„Балкан енерџи“ достави барање за промена на одобрениот регулиран максимален приход за 2022 година, почнувајќи од први јануари 2022 година. Како основ за ова барање, БЕГ го посочува стрмниот пораст на цените на природниот гас на меѓународните пазари, кој е за повеќе од 300 отсто повисок од цената на природниот гас што РКЕ ја одобри во јули 2021 година“, велат од РКЕ.

Ист износ на зголемување на цената на парното најавува дека ќе побара и вториот снабдувач со топлинска енергија „Скопје Север“. Информацијата за трошоците, тие до Регулаторната комисија за енергетика ќе ја достават деновиве бидејќи веќе потпишале договор за снабдување со природен гас.

Моментално не се знае дали и третиот снабдувач со топлина, ЕСМ Енергетика ќе побара и во колкав процент зголемување на цената на парното.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи