Национална конференција – Одговорна социјална поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На ден 22.12.2021 година во Хотел Кичево во Кичево се одржа Националната конференција на тема „Одговорна социјална поддршка“. Конференцијата беше дел од проектот „Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка“ кој го реализираше Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп во соработка со Општина Кичево а е финансиран од страна на Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Овој проект имаше за цел да ги подобри условите за живеење на Ромската заедница во Општина Кичево преку пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка. На конференцијата присуствуваа претставници од локални самоуправи, центри за социјални работи, јавни институции, здруженија на граѓани од десетина општини од Северна Македонија.

Најпрво на присутните им се обрати Проект координаторот кој ги презентираше проектните активности и резултати. Потоа претставник од општина Кичево зборуваше за важноста на соработката помеѓу општините и невладините организации, додека пак ромскиот советник зборуваше за потешкотиите со кои се среќава ромското население во Кичево и Р.С.Македонија. На крајот на конференцијата експертите ги презентираа фазите за подготовка и имплементација на програмата за одговорна социјална поддршка.

Проектот обезбеди одржлив модел за директна поддршка  на ромските семејства преку исплата на заостанатите долгови за електрична енергија и комунални услуги, а за возврат ромските семејства одработуваат општо корисна работа во јавните претпријатија, преку што се придонесува за подобрување на квалитетот на нивното живеење.

Со овој модел за покривање на заостанти долгови и одработување со општокорисна работа се опфтени триесетина семејства. Претставниците од другите општини го поздравија овој модел и пројавија интерес за негово користење во иднина.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи