Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите откри дека минатата година во декември тогашната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева му дала предлог договор за решавање на спорот меѓу двете земји, јавува репортерот на ТВ21.
Османи откри дека Захариева дала предлог за решавање на спорот, но дека два члена биле спорни за Македонија, бидејќи, како што истакна, се барало да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а дека македонската нација произлегла од обидот за ослободување од Отоманската Империја.
Надминувањето на разликите со Бугарија ќе биде едно од клучните прашања за Министерството за надворешни работи и во наредната година.
106