Официјално пуштено реновираното училиште во с. Борино – учениците со подобри услови за образование

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Официјално пуштено во употреба подрачното училиште ОУ „Никола Карев“ во с. Борино. Училиштето е целосно реновирано, со нови, дополнителни содржини и подобрени услови за учениците.

„Дојдовме до крајот на реализацијата на овој проект. Годината ја завршуваме со овој голем проект за младите и учениците. Но, покрај тоа што ги подобруваме условите во ова училиште создаваме и една пријатна атмосфера за учениците. Она што е уште поважно е дека овој проект е најава за големи инвестиции во образованието, односно реконструкција и доградба ќе имаат уште неколку подрачни училишта идната 2022 година.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

„Јас сум наставник во ова училиште 40 години и чувствувам вековна промена. Среќен сум што доживеав да работам во вакви услови.“, вели еден од наставниците во подрачното училиште во Борино, Далип Демиќ.

Во ова училиште учат деца од прво до петто одделение од две националности – Бошњаци и Албанци. Наставата во училиштето се одвива на два јазици – македонски албански.

Училиштето се реновираше во рамки на проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), компонента 3-обезбедување стимул на училишта /реновирање.

Реализацијата на проектот чини околу 2 милиони и 400 илјади денари

Од областа на образованието во тек е реконструкција на фискултурната сала и промена на кровната конструкција во ООУ „Никола Карев“ Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи