Шефот на државата Стево Пендаровски денеска во Вила Водно му го предаде мандатот за состав на нова Влада на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Согласно член 84 став 1 од Уставот на Република Македонија, и известувањето за предлогот за мандатар доставено од СДСМ, а поддржано од политичките парии на коалицијата, кои заедно го имаат мнозинството пропишано со Уставот, за мандатор за состав на владата го определувам г-нот Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ“, рече Пендаровски.
110