На социјалната мрежа Телеграм повторно е отворена нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјалните мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.
Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата. Групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група.
Јавното обвинителство во април по силни реакции во јавноста поднесе обвинение против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.
Извор и фото: Телма
137