Придобивките за странските волонтери со волонтирање во Република Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Волонтерството претставува хумана активност од особена важност за општеството. Тоа го подобрува квалитетот на животот во заедницата со активно вклучување на луѓето во општествениот живот, а исто така и за развој на рамноправност на демократско општество. Волонтерството исто така има и за цел да го промовира доброто во корист на други лица,  органи, организации и други институции, без надоместок. Република Македонија е одлична можност за сите оние кои сакаат да се стекнат со знаења, искуство, нови пријатели, да бидат поблиску до македонската култура и традиции, а во исто време да ја споделат својата хуманост и емпатија на различни области.

Списокот на можности и понуди за волонтирање во Македонија постојано се променува и се прават надополнувања, па се покриваат различни области и повеќе локации во државава. Странските волонтери може да бидат дел од волонтерски активности во новинарство, проекти за човекови права, собирање на финансиски или друг вид на средства, проекти од областа на еколошки активизам, волонтерски проекти поврзани со здравствената индустрија и многу други. Најголем дел од странските волонтери кои доаѓаат во Македонија да волонтираат се приклучуваат на организации со кредибилитет и долгогодишно искуство во овој сектор, па полесно се справуваат со сите предизвици затоа што имаат  поддршка и помош доколку им е тоа потребно во процесот на прилагодување откако ќе пристигнат во Македонија.

Македонија изобилува со огормен број на природни убавини, најразлични знаменитости, религиско и археолошко богатство, па тоа е одлична можност за сите кои се авантуристи, сакаат да бидат вклучени во волонтерски активности, а исто така и да патуваат. Оние кои веќе биле на волонтерски проект во Македонија без разлика дали се работи за краток или долг период, сакаат повторно да се вратат во земјава, да продолжат да ги истражуваат убавините кои ги нуди Македонија или да ги посетат своите пријатели.

Според Програмата за развој на Обединетите нации, 21,8% од населението живее под прагот на сиромаштија. И ова доаѓа со уште една статистика, исто така од УНПД, која вели дека 22,6% од луѓето се невработени.

Со оглед на овие околности, голем дел од волонтерската работа е поврзана со административниот сектор, во соработка со локалните невладини организации. Областите на фокус често вклучуваат економски раст, градење граѓанско општество, подигање на свеста за институционалната корупција и важноста на самоуправувањето во Македонија.

Според погоре наведеното придобивките се обострани затоа што кога волонтерите го даваат најдоброто од себе за да направат промени во македонското општество, тоа е од особена важност за заедницата, локалното население затоа што освен тоа што се прави промена на посебна област тоа последователно ќе делува и на останатите гранки во општеството. А пак волонтерите тука имаат придобивка затоа што се стекнуваат со нови искуства, нови знаења, имаат можност да ги споделат своите ставови, идеи, препораки, а со тоа се зајакнуваат себе си како личности кои активно придонесуваат во демократското општество.

Република Македонија прераснува во држава за која странските волонтери се се повеќе заинтересирани за волонтерство и на долг период, а со тоа може да се дојде до заклучок дека Македонија ги нуди сите оние Европски вредности и квалитети како и во големите европски земји.

Автор: Сара Мијакоска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи