Што претставува младинското учество?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Да го сфатиме младинското учество како голем чадор кој покрива голем број на начини и методи на вклучување. Сите форми и начини на вклучување и застапување кои се направени од млади луѓе може да се дефинираат како младинско учество, но не сите форми на младинско учество може да се дефинираат како застапување.

Збунувачко, нели? Ќе пробам да објаснам.

Младинското учество се однесува на тоа како младите луѓе можат да бидат вклучени во процеси, институции и донесување на одлуки кои влијаат врз нивните животи, и истото може да биде активно или пасивно. Преку активното младинско учество вие сте вклучени или сте подготвени да се вклучитево активности. Пасивното младинско учество значи дека сте подготвени да дозволите да се случи што и да се случи, ама не би сакале да се вклучите за да ја промените или да ја контролирате ситуацијата. На пример, преку пасивно учество може да слушате како некој зборува на настан, но немате намера да се вклучите во проблемот или да направите какви било промени во истиот. Спротивно на тоа, би можеле активно да учествувате во истражување на тема, наоѓање активности што би можеле да ги преземете и подигање на свеста со цел да го промените однесувањето на другите.

Научете да правите разлика помеѓу активно и пасивно младинско учество и како тие се вклопуваат во вашата ситуација, во однос на вашето сопствено застапување, во однос на тоа како сакате другите да бидат вклучени и како носителите на одлуки би можеле да се вклучат со вас.

Постојат и различни нивоа на младинско застапување, кои се движат од неучество до целосно учество.

Учеството е проецес на споделување одлуки кои влијаат на животите на луѓето и на заедницата во која живеат. Учеството е основно право на граѓанството и основен дел од демократијата. Во центарот на младинското учество стои донесувањето на одлуки. Да претпоставиме дека младинското учество е една скала со нивоа на вклученост на која младите се движат од неучество до целосно учество. Ова скалило може да ви помогне да размислите колку сте вие вклучени во одреден проблем и како сакате да биде вашето учество.

Скалата на младинското учество се состои од осум чекори.

Првите два чекори го претставуваате нецелосното учество, каде младите немаат вистинско разбирање за прашањата и проблемите, туку се ангажирани на основен начин само за да се покаже дека се вклучени. Следните пет чекори претставуваат вистинско учество, каде младите луѓе значајно учествуваат, целосно го разбираат проблемот и директно се вклучени во процесот на донесување одлуки. Последниот чекор претставува највисоко ниво на учество, каде што младите креираат и управуваат со сопствените иницијативи и ги споделуваат овие одлуки со возрасните. Ова претставува ниво на зајакнување каде младите го користат целиот свој капацитет да се вклучат значајно во одлучувањето на важни прашања.

Сега кога веќе го објаснивме младинското учество, пробајте да најдете прашање или проблем во кој би се вклучиле активно за да успеете да направите позитивни промени во заедницата!

Автор: Лела Јурукова, Асистент за логистика и членство во Коалиција СЕГА

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи