По трет пат отворена „Јавна соба“ на Телеграм со експлицитни фотографии и видеа од девојки

Facebook
Twitter
Email
Print


На социјалната мрежа Телеграм повторно е отворена нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјалните мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.

Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата.  Групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група.

Јавното обвинителство во април по силни реакции во јавноста поднесе обвинение против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Извор и фото: Телма

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи