Денеска во Националната опера и балет се одржа церемонија за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-19 центрите.
Венко Филипче, министерот за здравство на Зоран Заев, премиерот во заминување денеска му подари слика како знак за внимание и благодарност за поддршката што ја добивал здравствениот систем.
„Дозволете од името на сите присутни, а верувам и од името на сите здравствени работници да ви врачам еден подарок за долго сеќавање и да се заблагодарам на поддршката која ја дававте на здравствениот систем, на сите здравствени работници. Да се заблагодарам за тоа што не кажавте „не“ за потребата и барањето за која било инвестиција во здравството и да се заблагодарам за тоа што успеавме со ваша помош и тоа е исклучиво ваша заслуга здравствените работници од потценети и исмевани да ги направиме повторно горди и почитувани луѓе во нашето општество“, рече Филипче.