23 новозаразени и две починати лица од ковид-19 во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 14, Кавадарци – 13, Прилеп и Охрид – по 9, Крива Паланка -7, Куманово и Штип – по 4, Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3, Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2, Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи