Во текот на вчерашниот ден (28.12.2021) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, при што се санкционирани 46 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот на ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
94