Регионален центар за млади

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата фаза 2“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија функционира Регионален центар за млади. Овој центар всушност е на располагање на младите од 10 средни училишта вклучени во проектот, но пред сѐ на младинските групи од Пелагонискиот регион.

„Регионалниот центар за млади“ е сместен на ул. Димо Наредникот бб. (зграда Ерик) во Прилеп.

Регионалниот центар за млади претставуваше иницијатор, но и место за младите да можат да се сретнат, да ги споделат своите идеи и да развиваат иницијативи. Младинскиот центар  им помагаше на младите изминатите две години во согласност со нивните потреби, да организираат различни активности.

Треба да се потенцира дека младите покажуваа интерес за вклучување во проектот и за користење на услугите на центарот. Она што треба да се потенцира е нивниот ентузијазам и големото ниво на соработка. Младите реално гледаат на сосотојбите во својата средина и вршат приоретизирање на нивните потреби со што ги покажуваат и елементите на социјална одговоросност и активност во локалната средина.

Центарот е поддржувач и промотор на младинскиот активизам од една страна, а од друга страна место на кое се вклопуваа многу нови пријателства и партнерства меѓу младите од средните училишта кои се вклучени.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи