Формирање на социјален фонд за поддршка на Роми и други маргинализирани групи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Центар за граѓанска иницијатива Прилеп во партнерство со Oпштина Кичево, во рамките на Проектот: „Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка“ финансиран од страна на Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, формираше социјален фонд преку кој ќе се поддржуваат Роми и други маргинализирани групи во Општина Кичево.

Преку овој социјален фонд група на жители од Кичево со извршување на работни обврски всушност е во можност да отплати неплатени сметки за електрична енергија и комунални услуги. Социјалниот фонд оваа година прв пат се спроведува во Општина Кичево и има интерес кај граѓаните.

Во рамките на овој прокет покрај социјалниот фонд се разви и програма за одговорна социјална поддршка на Ромите и другите ранливи групи.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи